Вилата „Beyond“ е уште една куќа од соништата на локацијата од соништата – Пукет, Тајланд.
Луксузот и префинетоста се главните карактеристики на овој дом, доколку се изостават одредени рустикални елементи.
Нема потреба да одите подалеку од трпезаријата, каде фантастичната маса со 12 столици кои наликуваат на тронови стои на средина, за да се разбере колку простор има овој дом.
Од кружниот базен до фантастичните погледи кои се достапни од секој агол на оваа куќа, вилата „Beyond“ е вистинско место за релаксација.
Да не ги споменуваме парчињата мебел од дрво, кои совршено се мешаат со префинетиот изглед на ентериерот. Сето тоа, плус ливчиња од рози во кадата од каде што имате прекрасен поглед, и добивате совршено тајландско искуство.
Погледнете ги фотографиите…