30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Џган“ на престижниот филмски фестивал во Пула

„Џган“ на престижниот филмски фестивал во Пула

Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, а продуциран од Огнен Антов, досега беше прикажан на повеќе од 25 филмски фестивали ширум светот, а сега ексклузивно на еден од најголемите и најпрестижни фестивали во регионот, филмскиот фестивал во Пула, Хрватска, и тоа во огромната Пулска Арена.

60-годишнината од филмскиот фестивал во Пула е извонреден настан не само за хрватската кинематографија туку и за целиот филмски регион. Станува збор за еден од најстарите филмски фестивали во светот и фестивал со највисок просечен број гледачи по секој филм.

На фестивалот, „Џган“ е единствен селектиран филм од регионот. Македонски продуцент на филмот е „Дрим фектори“, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП