За убавините на ова место може многу да се пишува, но во суштина доволен е само еден збор – рај!
Симпатичните вили сместени во азурните, кристално чисти води се навистина најубавото можно сместување за егзотичен одмор кој ви го нудат Малдивите.
Овој резорт се наоѓа на два приватни острови познати по својата убавина и уникатното доживување кое го нудат.
Како јаготка на шлагот, резортот нуди и вечера скоро 5 метри под вода, каде што можете да пиете шампањ, да пробате разни деликатеси, кои сигурно нема да ги најдете на друго место и секако, да уживате во незаборавниот поглед на океанскиот подводен живот.