30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКолку е опасно прекувременото работење?!

Колку е опасно прекувременото работење?!

Имено, од 57.000 испитаници, дури 70% од нив работат и кога ќе дојдат дома по работната смена, а тоа може негативно да се одрази на нивното здравје.

Стручните лица од друштвата за работни, индустриски и психолошки истражувања утврдија дека оние личности кои работат во текот на ноќта, како и во викендите во најголем случај се жалат од несоница, главоболка, замор, болка во мускулите и желудникот.

„Нашето истражување покажа дека дури и дополнителното работење кое е во најмала мера, сепак е штетно по здравјето на луѓето“, рече Ана Арлингаус организатор на оваа студија.

Нејзиниот тим апелира на повнимателност кај работодавачите, со цел зачувување на нивното здравје.

„Технолошкиот напредок предизвика кај луѓето завист од работа, и можностите за работа од дома вршат притисок кај луѓето кои мора континуирано да се во тек со работењето. Слободното време ни овозможува нашето тело да се опорави“, предупредија германските стручњаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП