Нискобуџетната авиокомпанија „Ryanair“ соопшти денес дека за почеток купува 24,9 проценти од акциите на австриската авиокомпанија која ја основаше поранешниот возач на Формула 1, Ники Лауда.
Планот на „Ryanair“ е да го зголеми својот удел на 75 проценти.
Компанијата „LaudaMotion“ е наследничка на „Niki“, долгогодишната филијала на банкротираниот „Air Berlin“ кој Лауда го купи откако „Niki“ стана жртва на финансиските проблеми на компанијата мајка.
Оваа компанија планира да изведува редовни и чартер летови од Германија, Австија и Швајцарија главно до медитеранските дестинации.
„Ryanair“ соопшти дека сака да го зголеми својот удел на 75 проценти „што е можно поскоро“ и доколку добие согласност од ЕУ.
Во соопштението се наведува дека акциите ќе чинат помалку од 50 милиони евра, а дека ќе бидат инвестирани уште 50 милиони евра.