Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, по повод националниот празник на државата, го одликува Раде Силјан со орденот „Златен крст за заслуги“.
Ова високо признание на познатиот македонски писател му се доделува за неговиот повеќедецениски ангажман во афирмацијата на книжевните вредности на унгарската литература на македонски јазик.
Признанието го врачи унгарскиот амбасадор во Република Македонија, Ласло Дукс.