Јувентус и мадридски Реал, минатогодишните финалисти во Лигата на шампионите, оваа сезона ждрепката во Нион ги спои во четврт-финалето.
Топ-8 фазата во елитното натпреварување ќе ја обележи и англиската пресметка помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Во другите две двојки Барселона и Баерн ќе ја имаат фаворитската улога. Барса ја извлече Рома, а клубот од Минхен ја доби Севилја.
Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 3-ти и 4-ти април, а реваншите се на програмата на 10 и 11 април.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра во Киев на 26-ти мај.