Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека неговата земја ќе поднесе тужба против компаниите „Гугл“ и „Епл“ поради практики на бизнис-злоупотреби.
„Верувам во економија базирана на правдата и ќе поднесам тужба против „Гугл“ и „Епл“ пред Парискиот трговски суд со обвинување за практики на бизнис-злоупотреби против француските компании“, изјави Ле Мер.
Тој додаде дека технолошките гиганти би можеле да бидат казнети со неколку милиони евра.