30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот повторно тоне, падна под 9.000 долари

Биткоинот повторно тоне, падна под 9.000 долари

Биткоинот продолжи да се лизга на азиските пазари, откако цените паднаа за уште 6% преку ноќта.

Пред кратко време, цените паднаа под 9.000 американски долари – што е пад од над 20 отсто од нивото од 11.500 американски долари кое беше претходно оваа недела.

Поминаа неколку напорни денови за крипто-секторот, во услови на повеќе строги предупредувања издадени од страна на Комисијата за хартии од вредност и берза на САД откако се појавија извештаи дека големата јапонска крипто-компанија “Binance” е хакирана.

На техничка основа, високиот стратег за девизно тргување, Илја Спивак, рече дека нивото сега од 8,465 долари претставува клучна поддршка.

“Ако падне под оваа цена, очекувам да тестира ниво од 6.000 долари, следејки го истото ниво од 6 февруари кое беше 5.873 долари”, рече Спивак.

Како и вообичаено, продажбата на биткоинот ги поттикна и другите големи криптовалути, при што цените се под притисок.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП