Меѓу големиот број на паметни телефони кои беа претставени на годинешниот „CES“ конгрес во Лас Вегас се појави и еден кој е наменет за вистинските љубители на филмот.
И покрај тоа што „Moviphone“ според изгледот не се разликува премногу од поголемиот број „Android“ смартфони, неговиот главен адут е ласерскиот проектор кој емитува слика во 720p „HD“ резолуција.
Проекторот од 50 лумени може да проектира сето што може да се гледа и на екранот на телефонот. Тоа значи дека корисникот со него ќе може да емитува видео содржини од „YouTube“ и „Netflix“, како и „PowerPoint“ презентации, и тоа на било која површина
Покрај резолуцијата од 1.280 x 720 пиксели, уредот се одликува и со контраст од 80.000:1.
Производителот тврди дека „Moviphone“, благодарејќи на „PicoP Scanning Engine“ на компанијата „MicroVison“, е во состојба да прикажува слика во големина до 100 инчи.
Oд останатите „телефонски“ карактеристики, „Moviphone“ се одликува со чипсет „MediaTek SoC MT6750V/WT“, има 5,5-инчен „FHD“ екран, 3 GB/4 GB RAM и 32 GB/64 GB интерна меморија. Капацитетот може да се зголеми со помош на мемориска картичка до 128 GB.
Во уредот е поставен оперативниот систем „Android 7.0 Nougat“.
Oвој паметен телефон е опремен со предна камера од 8 MP и задна од 16 MP, како и батерија со капацитет од 4.000 mAh.
Таа, според спецификациите, е во можност да издржи 285 часа во мирување и до 22 часа разговори, а кога е наполнета на проекторот може да му обезбеди и до 4 часа работа без прекин.
Цената на смартфонот „Moviphone“ изнесува околу 600 долари.