Компанијата „McLaren“ објави информации за новиот хиперавтомобил „Senna“ кој го претстави на крајот на 2017-та година и ќе бидат произведени 500 примероци, а тие ќе се составуваат рачно и за секој од нив ќе бидат потребни 300 часа. Купето, сепак, повеќе не може да се купи, бидејќи сите примероци се продадени.
Моделот е опремен со 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор кој во комбинација со 7-стeпенна автоматски менувач со две спојки кој забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди, а од место до 200 км/ч за 6,8 секунди. Растојанието од 1/4 -милја (402 метри) го реализира за 9,9 секунди, а максималната брзина е 340 км/ч.
За споредба, слични показатели има хибридниот суперавтомобил „McLaren P1“, кој е опремен со агрегат, кој развива 916 коњски сили. Кај него забрзувањето до 100 и 200 км/ч останува на истото време, но максималната брзина е 350 км/ч.
„McLaren Senna“ е најлесниот автомобил на марката за стандардни патишта од времето на моделот „F1“. Тежината на хиперавтомобилот е 1.198 кг, а тоа е постигато со користење на композит од јаглеродни влакна во конструкцијата. Секое предно крило тежи 620 грама, а двете задни крила имаат само 4,87 кг. Може да издржи 100 пати повеќе од тежината на возилото. Соодносот на моќност до маса е 668 коњски сили по тон.
Купето е опремено со активно хидраулично потпирање, активна аеродинамика, издувен систем од титаниум, карбонски-керамички сопирачки механизми (само правење на тркалата трае 7 месеци), а исто така и со гуми „Pirelli P Zero Trofeo R“ развиени специјално за овој модел.
Премиерата на моделот ќе се одржи на саемот во Женева во почетокот на март. Во Велика Британија „McLaren Sennа“ чини 750.000 фунти.