Македонија вчера изгуби од Чешка со еден гол разлика. Крајниот резултат е 24-25. Дејан Манасков имаше можност да израмни со пеналот што го шутираше во последната секунда, но голманот на Чешка одбрани.
Македонија имаше водство од 13:11 по првото полувреме од клучниот меч против Чешка. Со капитенот Кирил Лазаров во тимот, но на клупата, Македонија имаше одличен старт.
Филип Миркуловски по мечот рече дека Македонија вечерва пропушти голема шанса што нема да се повтори.
За Македонија останува тежок предизвик пред утрешниот меч со Данска во 18.15 часот.