По 15-часовен застој поради прекин во помошното напојување, Блок 2 во РЕК Битола се враќа во мрежа.
Застојот настана вчера во 19.57 часот и по извршената инспекција, утврдено е дека до застојот дошло поради прекин во помошното напојување и дека не постои поголем технички дефект, информираат од ЕЛЕМ.
По извршениот протокол за утврдување на причината, нејзино отстранување и проверка на сите параметри, во моментот тече рестартирањето на блокот и најдоцна до 13 часот ќе биде приклучен на мрежата на електроенергетскиот систем на Р. Македонија.