Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако на вработените им бил исплатен и вториот дел од октомвриската плата.
Со ова штрајкот на машиновозачите е во прекин и сите патнички и товарни возови ќе сообраќајат согласно редовниот возен ред, а првите возови ќе тргнат по 16 часот.
Вработените два дена штрајува и бараа да им биде исплатен вториот дел од платата за октомври, како и навремено и целосно исплаќање на платите во иднина. Тие најавија дека доколку до 25 декември не им биде исплатена и ноемвриската плата, повторно ќе штрајкуваат.