Ова е една од сликите кои одамна кружат нa интернет, а толкувањето на оваа слика е повеќе од интересно и може да се примени и на луѓето.
Како функционира еден чопор волци:
– Во чопорот волци, трите волци кои одат најнапред се болни и стари. Се движат најнапред за да го диктираат темпото на групата, за да не бидат оставени.
– Зад нив одат пет волци, кои се најсилни и најдобри, и имаат задача да ја штитат предната страна во случај на закана.
– Оние кои се во средина како женки, младенчиња, послаби и помлади мажјаци секогаш се заштитени од било каков напад.
– Потоа зад нив оди групата волци која исто така се состои од неколку најдобри и најсилни волци. Тие имаат задача да ги заштитат оние кои се во средина на колоната, во случај на напад.
– Последниот волк во колоната е ЛИДЕРОТ. Тој се грижи за тоа никој да не биде оставен. Се грижи групата да биде компактна и на ист пат. Секогаш е подготвен да дотрча во било која насока за ја заштити целата група.
Со овој пример неколку филозофи опишаа што значи да се биде вистински лидер.