3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Епл“ потврди дека експлоатирала кинески средношколци

„Епл“ потврди дека експлоатирала кинески средношколци

Компанијата „Епл“ потврди дека ангажирала ученици од стручни кинески училишта што работеле на производство на делови за „ајфон“ во фабриката на „Фокскон“. Според сознанијата што ги објави „Фајненшал тајмс“, учениците работеле подолго од што е дозволено.

Како што објави весникот, околу 3.000 студенти од кинескиот град Женгжу работат до 11 часа дневно за тајванската компанија „Фокскон“, иако, според кинескиот закон, дозволено е до 40 часа неделно.

Весникот наведува дека новинарите разговарале со ученици од стручни училишта на возраст од 18 и 19 години, кои изјавиле дека училиштето ги принудило да одат на пракса во „Фокскон“. Наводно, им било кажано дека мора да стекнат работно искуство, инаку нема да добијат диплома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП