30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb почнува да се проширува во Кина

Airbnb почнува да се проширува во Кина

„Airbnb“ отвори повеќе канцеларии во Кина и очекува земјата да биде нејзин главен извор на клиенти до 2020-та година, пишува „Блумберг“.

Бројот на кинески луѓе кои патуваат во регионот користејќи ги услугите на компанијата пораснаа за 289% на годишна база, посочи ко-основачот на „Airbnb“, Нејтан Блекарчик, за телевизија „Блумберг“ во Виетнам.

„Во текот на изминатите 12 месеци имавме 55 милиони гости пречекани од азиско-пацифичките земји, а голем дел од тоа е поради Кина“, рече тој. „Ова е нашата втора најбрзо растечка земја во светот за патување во странство по САД“.

Стартапот го загуби својот прв бизнис менаџер во Кина за само четири месеци откако беше назначен, но оптимизмот за развојот на земјата не исчезнува. Блекарчик беше назначен за претседател на кинеските операции во октомври – истиот месец кога неговиот претходник Хон Гу објави дека ја напушта функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП