Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, одобри 300.000 денари за вработување две лица за потребите на здружението „Во мојот свет“, кое се грижи за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром.
На средбата претставниците на здружението се запознаа со предизвиците со кои тие се соочуваат и нивните потреби за поефикасно работење. Здружението „Во мојот свет“ има потреба и од простории, а градоначалникот Марин се заложи да помогне и по ова прашање. Градоначалникот и претставниците дискутираа и за организирање меѓународна конференција за оваа проблематика.
Здружението „Во мојот свет“ веќе соработува со градинките и училиштата од општина Аеродром во сферата на едукација на кадри. Марин вети дека Општината ќе продолжи да се залага за уште поуспешна соработка и да нуди постојана поддршка.
„Ветувавме целосна поддршка и инклузија на лицата со попреченост и почнавме веднаш со работа во таа насока. Очекувам уште многу заеднички корисни проекти со цел максимална инклузија за секој граѓанин“, изјави градоначалникот Марин.