30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИСтопанска банка АД Скопје лидер во банкарскиот сектор, добивка од над 30...

Стопанска банка АД Скопје лидер во банкарскиот сектор, добивка од над 30 милиони евра

Нето добивката пред оданочување заклучно со 30.09.2017 изнесува МКД 1.881.167 илјади или над 30 милиони евра, што е повеќе за 1,4% споредено со истиот период од минатата година.

При тоа, пооделни ставки од билансот на успех ги регистрираа следните движења:

  • Приходите од камати изнесуваат МКД 3.341.505 илјади, и истите се пониски за 0,7% во однос на третиот квартал од 2016 година,
  • Расходите за камати изнесуваат МКД 575.122 илјади денариѓ
  • Нето приходите од провизии и надомести забележаа пораст од 4,6% како резултат на порастот на провизиите за скоро 4% и истовремено намалување на расходите за провизии за 2,8%.
  • Нето приходите од курсни разлики реализираа намалување за 8,8% како резултат на намалените маргини кај курсните разлики, кои се придвижени од страна на меѓубанкарскиот девизен пазар и конкуренцијата.

Останатите приходи од дејноста забележаа пораст за МКД 114.447 илјади, додека останатите расходи од дејноста останаа релативно непроменети.

За наведениот период од девет месеци СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од МКД 566.532 илјади денари, што е повеќе за МКД 189.145 илјади во однос на истиот период од минатата година. Загубата поради оштетување на нефинансиски средства изнесува МКД 27.189 илјади

Трошоците за вработените останаа релативно непроменети и истите изнесуваат МКД 580.259 илјади. Како резултат на наведените параметри, заработката по акција за наведениот период од 2017 година изнесува МКД 107,74 поголема за 1,4% во однос на 2016 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП