Голем Есенски базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци ќе се одржи од 3 до 5 ноември во „Скопје Сити мол“.
Станува збор за повеќе од 20-тина индивидуалци, уметници и 18 брендови, кои ќе ги претстават пред јавноста своите најнови и оригинални производи.
Посетителите ќе имаат можност да купат автентични производи од филигран и модерен накит, преку рачно изработени чанти и чевли, до дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој.