Јапонската автомобилска компанија „Нисан“ го запре целокупото производство наменето за домашниот пазар.
Компанијата ја тресе скандал во кој неквалификувани работници направиле финална контрола пред испорака на возилата.
„Нисан“ одлучи да го запре производството на возила за јапонскиот пазар во сите фабрики во Јапонија“, наведе компанијата.
„Нисан“ веќе повлече 1,2 милиони автомобили во Јапонија поради тоа што тестирањата на автомобилите ги извршиле вработени кои, според јапонските стандарди, не се квалификувани за контрола на возилата.