Во согласност со Законот за празниците на РМ, 30 септември 2017 година (сабота), првиот ден на Јом Кипур, е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија, соопштува Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур.