Денеска се одржа редовна средба на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски со претставниците на Националниот младински совет на Македонија. На средбата се разговараше за актуелни прашања поврзани со млади, како и за Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO.
Каевски истакна дека од 31 октовмри до 4 ноември во Скопје, ќе се одржи Регионална конференција за млади. На овој повеќедневен настан ќе биде основан и Советодавниот одбор на RYCO, но ќе се одржат и тематски работилници за млади.
Исто така, од октомври започнуваат јавните повици на RYCO за конкурирање на проекти, со што се добива шанса младите да бидат дел од проекти кои обезбедуваат јакнење на нивните капацитети, размени и поголема конкурентност на пазарот на трудот. Од сите претставници на младинските организации и од директорот Каевски, е заклучено дека е потребна зголемена промоција на работата на Регионалната канцеларија за младинска соработка, како и транспарентен процес при изборот на членовите од Македонија за претставници во органите на RYCO.