30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза ​​Меј ќе понуди 20 милијарди евра на ЕУ ​​за решавање на...

Тереза ​​Меј ќе понуди 20 милијарди евра на ЕУ ​​за решавање на финансиските обврски

Канцеларот на Германија Ангела Меркел дозна од британската влада дека оваа недела Тереза ​​Меј ќе понуди да и плати на Европската унија (ЕУ) 20 милијарди евра, соопштува „Financial Times“.

Ако тоа се случи, тоа ќе биде првиот обид на Лондон да ги реши своите финансиски сметки за „развод“ со ЕУ.

Советникот на Меј за прашањата на ЕУ, Оли Робинс се поврзал со лидерите на неколку европски држави, за да ги увери дека во својот говор за „Brexit“ која ќе одржи в петок во Фиренца, британскиот премиер ќе посочи и финансиска понуда.

Екипата на Тереза ​​Меј се надева дека една таква понуда ќе стави крај на ќор-сокакот во преговорите за „Brexit“ со Брисел и ќе овозможи да се движи кон следната фаза на преговорите – за идните трговски односи меѓу Британија и ЕУ.

Британските власти, исто така, уверуваат дека другите земји-членки на ЕУ нема да мора да направат поголеми придонеси во буџетот на ЕУ или да добијат помалку пари после 2020-та година, кога тековниот буџетски период на блокот ќе заврши.

Денес се очекува Тереза ​​Меј да претстави клучни моменти од својот говор пред својот кабинет и британски официјални лица посочуваат пред изданието дека би биле изненадени ако деталите веќе се споделуваат со други престолнини во Европа. Канцеларијата на германскиот канцелар одби да коментира.

Вестите од Лондон излегуваат во момент во кој министерот за надворешни работи, Борис Џонсон објави предлог за време на викендите, според кој Велика Британија не треба да прави никакви исплати на Брисел, за да има пристап до единствениот пазар на ЕУ по преодниот период. Очигледно, уверувањето од кабинетот на Меј има за цел да им покаже на европските главни градови дека нема да го преземе патот што го нуди Џонсон, додава весникот.

ЕУ вели дека Велика Британија има обврски кон ЕУ до 100 милијарди евра. Со исклучок на парите добиени од земјата, нето-износот се проценува на околу 60 милијарди евра.

Понуда за плаќање на 20 милијарди евра би и дозволила на ЕУ да не ги започнува дискусиите за долгорочниот буџетски план предвремено и ќе ги покрие проектите кои Велика Британија ќе ги реализира пред 2019-та година, кога треба да ја напушти заедницата. Сепак, износот нема да ги покрие долгорочните обврски на земјата, како и обврските направени за трошоците за време на преодниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП