Фудбалската репрезентација на Црна Гора направи голем чекор кон пласманот во баражот за Светското првенство во Русија.
Црногорците, во рамките на Е групата во Астана, убедливо го поразија Казахстан со 3:0 (1:0).
Головите за Црна Гора го постигнаа Вешовиќ во 31.минута, односно Беќирај во 53. и Симиќ во 63.минута.
Црногорците со овој триумф се искачија на второто место на табелата со 13 бодови, три помалку од лидерот Полска, односно три повеќе од третопласираната Данска.
Црна Гора в понеделник ќе ја пречека селекцијата на Романија.