Во Литванија пристигна првата испорака на природен течен гас од САД, што претставува пресвртница која на балтичките земји им дава надеж дека ќе ја намалат зависноста од Русија.
Американскиот товарен брод со околу 150.000 кубни метри гас пристигна денес на пристаништето во градот Клајпед.
Од Министерството за енергетика на Литванија е соопштено дека САД веќе станале најважниот стратешки партнер, и дека сега стануваат и доверлив снабдувач на природен течен гас за целиот регион, пренесува АП.
Москва ги искористи ресурсите на гас за да изврши притисок на Украина, што ја предизвика потребата за проекти со кои би се намалила зависноста на земјите од поранешниот Советски Сојуз од Русија.