Турција денес ја изврши уплатата на последната транша од долговите кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Од неодамна, Турција стана земја која не бара тука дава позајмици.
Последната рата од 51-годишниот долг во износ од 421 милијарда долари, задолжување во рамките на стенд-бај аранжманот со ММФ, беше исплатена денес. За цела Турција тоа е многу популарна тема, особено поради тоа што рецесијата завладеа во остатокот од светот.
Првиот стенд-бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд, Турција го склучи во 1961 година. По првиот, Турција на неколку години потпишуваше нови стенд-бај аранжмани, а последниот, деветнаесетиот по ред, го склучи во 2005 година.
Долгот кој во 2002 година изнесуваше 23,5 милијарди долари денес е подмирен, пренесуваат медиумите од Турција.
Покрај тоа што Турција си ги подмири долговите, таа започна и да дава заеми за земјите. Освен што обезбеди средства од пет милијарди долари за потребите на ММФ, Турција стана и земја која повеќе не бара, туку дава помош. Тркалото се сврте, сега ММФ и должи пари на Турција.