Британскиот велосипедист Марк Кавендиш се повлече од Тур д’Франс поради фрактура на рамото.
Повредата Британецот ја „заработи“ на четвртата етапа, кога во финишот заврши на асфалтот откако беше турнат од Словакот Петер Саган. По инцидентот организаторите го дисквалификуваа Саган, кој инаку е актуелен светски шампион.
Саган веднаш му се извини на Кавендиш и на наговиот тим и најави жалба на одлуката да биде дисквалификуван.