Италијанското индустриско производство се намалило во март за сезонски прилагодени 0,8 проценти во однос на претходниот месец, сигнализирајќи дека сеуште не се гледа крајот на рецесијата во третата по големина економија во еврозоната.
Државниот завод за статистика ИСТАТ, воедно, вчера маргинално ги ревидираше податоците за февруари кои сега покажуваат пад на производството од 0,9 проценти, наместо претходно проценетите 0,8 проценти.
На годишно ниво, календарски прилагодените податоци покажуваат пад на производството за 5,2 проценти, по 4-постотниот пад во претходниот месец, известуваат од ИСТАТ.
Во првото тромесечје од оваа година, сезонски прилагоденото индустриско производство било пониско за 0,4 проценти во однос на претходните три месеци, додека пак на годишно ниво, прилагодено за календарските фактори, паднало за 4,2 проценти.
Од Ројтерс покажуваат тесна корелација помеѓу италијанското индустриско производство кое паѓа веќе седмо тромесечје по ред, и БДП. Оваа недела ИСТАТ објави дека во оваа година очекува 1,4-постотен пад на БДП, откако во 2012 потона за 2,4 проценти.