Делови од населбите Кисела Вода, Центар, Карпош и Сарај утре ќе бидат без струја.
Од 9 до 11 часот и 30 минути без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Саса”, ул. „Јабланица”, бул. „Борис Трајковски”, како и дел од ул. „1440″ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Борис Кидрич”, ул. „Петар Ацеви” и дел од ул. „Анастас Митрев” во општините Центар и Кисела Вода.
Без струја од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од ул. „Џумајска” во општина Карпош, а од 9 до 11 часот корисниците од објектите во рекреативниот центар „Езеро Треска” во општина Сарај.