Мариса Маер, досегашната директорка на Yahoo, ќе замине од компанијата и ќе добие најверојатно дури 186 милиони долари.
Акционерите ќе бараат да се одобри оваа огромна сума за Маер, иако е во тек процесот на преземање на Yahoo од страна на Verizon.
Мариса нема да ја следи добар глас како шефица, но цената на тој неуспех е изгледа 186 милиони долари.
Толку барем Маер има во акции, а покрај ова доби и 200 милиони долари како плата и бонуси за нејзиниот петгодишен мандат.
Маер нема да остане без бонус ниту за минатата година, и покрај скандалите кои го тресеа Yahoo.