Ова тропско овошје е богато со различни состојки и има позитивни ефекти на нашето здравје. Погледнете кои…
Луѓето опседнати со диети веќе долго време тврдат дека некои овошја како грејпфрут и ананас можат магично да помогнат да се изгубат килограмите.
Науката на овие овошја им додаде уште едно – манго, и тврди дека тоа може да спречи дијабетес тип два и да помогне во спречувањето на дебелината.
За мангото е докажано дека може да ги одржи оние бактерии во цревата кои се губат кога консумираме масна храна.
Во студија на Универзитетот Оклахома 60 глувци биле поделени во 4 групи кои биле посебно хранети, а едната добивала голем процент на манго. Токму таа била групата која имала најмала загуба на корисни бактерии во цревата.
„Мангото е добар извор на влакна и има добри ефекти против дебелината, зголемената вредност на шеќерот и воспаленијата“, вели професорот Едрали Лукас, кој го водел истражувањето.