30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо „Хамлет од Горно Дупени“ прилепскиот театар одбележува 67 години постоење

Со „Хамлет од Горно Дупени“ прилепскиот театар одбележува 67 години постоење

hamlet dupeni3

Театарот „Војдан Чернодрински“, со прикажувањето на претставата „Хамлет од Горно Дупени“, во режија на Кирил Петрески во сабота вечер од 19.30 часот и со детската „Сонувачот, купувачот и уште нешто“, во режија на Игор Трпчески, во недела од 11 часот, ќе одбележи 67 години од формирањето.

Завесата од театарот се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата „Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Во изминатите години театарот растеше и се развиваше, за сега да е еден од најперспективните во Македонија, докажано со бројните театарски претстави кои беа прогласени за најдобри не само на МТФ „Војдан Чернодрински“, туку и на фестивалите надвор од Македонија, како што се МЕСС и ЕКС ПОНТО.

Денес во театарот има ансамбл со одлични актери кои годишно реализираат по 3-4 премиери, а одигруваат по стотина претстави. Досега биле прикажани над 370 премиери, одиграни се околу 9.000 претстави, кои ги гледале над два милиона посетители

„Продолжуваме по зацртаниот пат – да бидеме најдобри, да дарувуваме многу претстави, многу смеа, радост од сцената, а за возврат ги очекуваме аплаузите од публиката“, велат од ЦК „Марко Цепенков“ во чии рамки е театарот.

Во моментот на сцената се поставува „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, во режија на Кoле Ангеловски, што премиерно ќе се одигра кон крајот на март.

И годинава според програмата одобрена од Министерството за култура е најавено целосно реновирање на објектот на театарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП