Германскиот производител „BMW“ ги откри деталите за новата генерација на предводникот на брендот од семејството „Series 7“. Тоа е модификацијата „M760Li“, која е опремена со корпоративниот систем за погон на четири тркала „xDrive“.
Под хаубата на „надуената“ лимузина е лоциран 12-цилиндричен бензински мотор „M Performance TwinPower Turbo“ со зафатнина од 6,6 литри. Според податоците на производителот, моторот располага со моќност од 610 КС, достапни при 5500 врт/мин. Максималниот вртежен момент од 800 Нм е на располагање уште при 1550 врт/мин.
Вртежниот момент достигнува до тркала со помош на специјално прилагодениот 8-брзински автоматски менувач „Steptronic Sport“ за карактеристиките на V12 моторот. Благодарение на оваа комбинација „BMW M760Li“ ќе забрзува од 0 до 100 кмч за 3,7 секунди, а максималната брзина е ограничена по електронски пат на 250 км/ч. Со доплата на пакетот „M Driver’s Package“ ограничувачот се отстранува и максималната брзина достигнува 305 км/ч.
За удобноста и возноста на возилото одговараат огромен број технологии. Меѓу нив се адаптивната суспензија „Executive Drive Pro“ со систем за стабилизација при навалување, систем за погон на четири тркала „BMW xDrive“, системот „Integral Active Steering“, кој автоматски ги регулира свиоци на задните тркала во зависност од состојбата на патот и го подобрува маневрирањето на возилото.
Спортскиот карактер на лимузината се дополнува со направените специјално за неа 20-инчни тркала од лесна легура со двојни краци, спортски издувен систем со хромирани цевки, амблемите V12 и логото „М“. Освен тоа, внатрешноста е полно со хромирани елементи, а за воланот е употребен и дрвен материјал.