Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива во зимски услови и по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.