Освен играчката супериорност Борусија Дортмунд му покажа на Реал Мадрид како да стигнат до врвот без да потрошат толку многу пари. Само Кристијано Роналдо е дупло поскап од целиот стартен тим на „милионерите“.
Реал во 2009-та му плати на Манчестер Јунајтед 94 милиони евра за Португалецот, додека првите 11 на Дортмунд вредат само 40.5 милиони евра.
Најскапиот играч кој Борусија го купи е Марко Ројс за кој во 2012-та година на Менхенгладбах му платија 17 милиони евра. Но и тој ја почна својата кариера во младинската школа на „милионерите“. Поголемиот дел од играчите кои пристигнаа во тимот чинеа до 5 милиони евра.
Почетниот тим на Дортмунд чинеше 40.5 милиони евра, а пак на Реал 313.5 милиони евра, односно скоро осум пати повеќе од германската екипа.
Стартните 11 на Борусија Дортмунд:
Вајденфелер – пристигна во 2002-та година без оштета.
Пишчек – пристигна во 2010-та без оштета.
Суботиќ – пристигна во 2008-та од Мајнц за 4.5 милиони евра.
Хумелс – пристигна во 2009-та од Баерн за 4.2 милиони евра.
Шмелцер – кариерата ја започна во Борусија.
Гундоган – пристигна во 2011-та од Нирнберг за 5.5 милиони евра.
Бендер – пристигна во 2009-та од Минхен 1860 за 1.5 милиони евра.
Блажиковски – пристигна во 2007-та од Висла Краков за 3 милиони евра.
Гетце – кариерата ја започна во Борусија
Ројс – пристигна во 2012-та од Менхенгладбах за 17 милиони евра.
Левандовски – пристигна во 2010-та од Лех Познан за 4.8 милиони евра.
Вкупно: 40.5 милиони евра.
Стартните 11 на Реал Мадрид:
Лопез – пристигна во јануари 2013-та од Севилја за 3.5 милиони евра.
Рамос – пристигна во 2005-та од Севилја за 27 милиони евра.
Пепе – пристигна во 2007-та од Порто за 30 милиони евра.
Варане – пристигна во 2011-та од Ленс за 10 милиони евра.
Коентрао – пристигна во 2011-та од Бенфика за 30 милиони евра.
Кедира – пристигна во 2010-та од Штутгарт за 14 милиони евра.
Чаби Алонсо – пристигна во 2009-та од Ливерпул за 35 милиони евра.
Озил – пристигна во 2010-та од Вердер за 18 милиони евра.
Модриќ – пристигна во 2012-та од Тотенхем за 30 милиони евра.
Кристијано Роналдо – пристигна во 2009-та од Јунајтед за 94 милиони евра.
Игуаин – пристигна во 2007-та од Ривер Плата за 12 милиони евра.
Вкупно: 313.5 милиони евра.