Слика на Клод Моне „Стог сено“, дел од серијата слики на францускиот сликар, е продадена на аукција за рекордни 81,4 милиони долари, на аукција што во Њујорк ја организираше аукциската куќа Christie’s.
Конечната цена речиси двојно ја надмина почетната проценка од 45 милиони долари.
Аукцијата траеше неполни 15 минути, што е невообичаено за продажба од овој формат.
„Стог сено“ е дел од серијата што Моне ја наслика во зимата 1890/91 во својата куќа во Нормандија.