30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени денови со катастарот во Радовиш

Отворени денови со катастарот во Радовиш

%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%88-696x380

Во Радовиш се спроведува акцијата Отворени денови со катастарот, којашто во средата продолжи во Одделенијата за катастар на недвижности во Пробиштип и Радовиш.

Акцијата Отворени денови со катастарот се спроведува веќе деветта година по ред. Минатата година, стручните тимови од Агенцијата за катастар на недвижности на „Отворени денови со Катастарот“ примија вкупно 2934 граѓани каде што на околу 800 граѓани им беше веднаш решен проблемот. Останатите граѓани добија стручна помош, за тоа кои документи се потребни за да ги комплетираат барањата, со цел да бидат запишани во катастарот на недвижности. Во Одделението за катастар на недвижности Радовиш беа примени 50 странки.

Оваа година новина е тоа што покрај денови за граѓаните, еден ден одвојуваме за приватните геодетски фирми, но и за компаниите во Република Македонија. Денот кој е посветен за компаниите е предвидено да биде искористен за обуки, консултации и решавање на посложени предмети од тековното работење.

Отворените денови со катастарот започнаа на 06 Октомври оваа година и ќе трае до 02 февруари 2017 година. Наредната недела веќе продолжуваме во Куманово а повеќе информации за распоредот може да се добијат на http://www.katastar.gov.mk/userfiles/file/novaAgenda.pdf.

Досега отворени денови се одржаа во седум одделенија, вклучувајќи го и Центарот за катастар на недвижности Скопје а на овие отворени денови со катастарот примивме вкупно 366 странки и одржавме обуки, консултации на 73 геодетски фирми.

Во средата од општината информираа дека заклучно со 31.10.2016 година одделението за катастар на недвижности Радовиш има примено вкупно 17.178 предмети и сите се решени во законски утврдените рокови.

Во одделението за катастар на недвижности Радовиш во тек е Акцијата за бесплатно запишување на правата на сопственост за следните населени места Аликоч, Смиланци, Супугре, Прналија, Шипковица, Козбунар, Коџалија и Штурово. Ги повикуваме граѓаните од овие населени места, кои немаат имотни листови да поднесат пријава до одделението во Радовиш и приложат соодветна документација за да докажат право на сопственост, како што се пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови.

Бесплатно запишување покрај за Радовиш согласно Годишната програма донесена на Владата на Република Македонија се одвива на целата територија на Република Македонија, до сега преку 11.000 граѓани бесплатно запишаа повеќе од 17.000 парцели, па затоа ги повикуваме граѓаните да дојдат до подрачните одделенија или да пристапат на веб страната на катастарот http://www.katastar.gov.mk/userfiles/file/press04052016.PDF , и подетално да се информираат за распоредот на бесплатно запишувања на правото на сопственост.

Во однос на легализирањето на бесправно изградените објекти во Одделението за катастар Радовиш се запишани 3000 легализирани бесправно изградени објекти, а на ниво на Република Македонија катастарот запиша 163.500 легализирани бесправно изградени објекти. Рокот за за изработка на геодетските елаборати за легализација на објекти истекува на 31.12.2016 година за сите лице кои до општините поднеле барања во 2011 година. Агенцијата за катастар на недвижности исто така изготвува и бесплатни елаборати за социјално ранливите категории досега граѓаните од оваа категорија до катастарот поднеле вкупно 7000 барања а веќе изработени се 6800 бесплатени елаборати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП