Чешката влада потпиша договор со General Electric Aviation за изградба на фабрика за производство и развој на турбопропелерски мотори за авиони и хеликоптери.
„General Electric Aviation“ е филијала на американската компанија „General Electric“.
Чешкото Министерство за индустрија и трговија соопшти дека фабриката би трeбaло да проработи до крајот на 2022 година, со 500 нови работни места.
Тоа е една од најголемите американски инвестиции во Чешка. Ниедна страна не наведе колку ќе чини изградбата на фабриката, чија локација сеуште не е точно избрана.