Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, се случи во 11.39 часот во скопското епицентрално подрачје, соопшти Европско медитеранскиот сеизмолошки центар во среда.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил на 1 километар длабочина на 5 километри источно од Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 12.10.2016 год., регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа во источниот дел на Скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 11 часот и 39 минути, со Рихтерова локална магнитуда 2.6. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје
Од 11 септември кога во Скопје беше почувствуван земјотрес од 5.3 степени според Рихтер, се случија повеќе помали земјотреси.