Европската комисија ја даде Германија на суд поради усвојувањето на закон кој предвидува воведување на патарина во земјата, која ги повредувала странските превозници.
Според Брисел, како што е донесен законот, тој ќе се применува само за автомобили и камиони со странска регистрација, додека оние со германски практично нема да плаќаат ништо. Формално патната такса е зачувана како сеопшта, но возилата со германска регистрација ќе добиваат одбивање на даноците во големина на патната такса.
Одлуката е донесена по 2 години преписки помеѓу Брисел и Берлин.
Според Европската комисија Германија го нарушува европското право кое дава еднакви права на сите европски граѓани независно од нивната националност и гарантира слободното движење на луѓе и товар.
Откако била алармирана од превозниците, Еврокомисијата реагирала и на новите вињети кои се предвидени во Законот. Оние кои се со рок под една година и се купуваат главно поради транзит, според Брисел се премногу високи, а во некои случаи несоодветни на трошоците за одржување на германските патишта.
Законот е донесен од Бундестагот во јуни 2015-та година, но уште нема стапено на сила.
Европската унија на превозници ја нападна Комисијата пред 2 години со докази дека автомобилскиот транспорт ќе стане бескорисен, особено во соседните држави на Германија, ако таксата се воведе, бидејќи земјата е дел од правците на товарните возила во голем број насоки.
Во моментов движењето по автопатите во Германија е бесплатно за автомобилите со странски таблички, а оние со локални регистрации плаќаат за одржување на патната мрежа годишен сообраќаен данок.
Ова е втор пат, во кој Еврокомисијата го суди Берлин поради патарините.
Во 1990-та година Европскиот суд ги прогласи за незакономерни плановите на властите да ги оданочат странските автомобили и законот беше повлечен.
Европското право им овозможува на земјите членки сами да решаваат дали да ги оданочуваат камионите и лесните автомобили, но, ако таквите такси бидат воведени, тогаш тие треба да се исти за возилата со локалната регистрација и за оние кои имаат таблички од друга земја-членка на ЕУ.
Преферираниот пристап од Брисел во однос на патарините е тие да не бидат исти за сите учесници на патот и врзани со времето, а туку да зависат од поминатото растојание.