Германскиот производител „Volkswagen“ го откри изгледот на новиот концептен хечбек кој се напојува со електрична енергија. Моделот ќе биде прикажан официјално на автосаемот во Париз, а се очекува да стане претходник на сериски автомобил, кој ќе излезе на пазарот во 2020-та година.
Концептот се нарекува „Volkswagen I.D.“ и користи нов, светол дизајн, изработен целосно за идната палета електрични возила на компанијата од Волфсбург. Специјално за нив е направена и нова шасија – „MEB“. Интересно е дека пуштањето на новиот хечбек нема да доведе до крајот на електричниот „VW Golf“, кој во моментов им се нуди на купувачите. Двата модела ќе се продаваат истовремено.
Футуристичкиот на изглед концепт е опремен со електромотор од 125 киловати (168 КС) и комплет акумулатори кои обезбедуваат километражата меѓу 400 и 600 километри со едно полнење.
Засега од компанијата производител не брзаат да ги откријат останатите технички детали за електричниот модел, затоа што тоа ќе се случи за време на стартот на саемот во Париз.
Модел исто така ќе има за цел да ги покаже и ставовите на „Volkswagen“ во областа на автономните технологии. Воланот на хечбекот ќе може да се повлекува во инструмент панелот, тогаш возилото ќе преминува во целосно автоматски режим на движење. Од компанијата се категорични дека автономната технологија ќе биде целосно подготвена во 2025-та година.