„Kyocera“ претстави интересен засилен паметен телефон темелен на оперативниот систем „Android“.
„DuraForce Pro“ имено содржи двојна задна камера, конкретно една од 13-мегапиксели и друга од 5-мегапиксели со додаток на широкоаголна леќа од 135 степени.
Гаранцијата за отпорност на уредот од надворешни влијанија се „IP68“ и „MIL-STD-810G“ сертификатите. Покрај отпорноста на уреди, вода и прашина, „DuraForce Pro“ меѓу останатото е отпорена и на ладно време, но и сончеви зраци.
Oд останатото може да се спомене 5-инчниот „Full HD“ екран, осумјадрениот „Snapdragon 617 SoC“, 2 GB RAM и 32 GB интерна меморија (која може да се прошири со „microSD“ картичка до максимални 200 GB).
Тука е уште и 5-мегапикселната предна камера, батеријата со капацитет од 3240 mAh (која поддржува брзо полнење на уредот), двојни предни звучници, сензор за отисок на прстите, енкрипција на уредот во согласност со „FIPS 140-02“ стандардот, како и поддршка за „NFC“, „Bluetooth 4.2“ и „Wi-Fi“.
Oперативниот систем e „Android 6.0 Marshmallow“, a уредот на пазарот се очекува да се појави во текот на есента.