Цените во земјоделството на инпут 1 (тековно потрошени средства) минатиот месец во однос на март 2012 година се зголемени за 5,5 отсто, а на инпут 2 (средства наменети за инвестиции) за 0,1 процент.
Според Државниот завод за статистика, во делот аутпут, цените на растителното производство се намалени за 6,1 отсто, а на добиточното се зголемени за 5,3 проценти.