Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Брзо се разочарувате, бидејќи ги идеализирате соработниците. Меѓутоа, време е да прифатите дека никој не е совршен.
ЉУБОВ: Неопходно е да ги промените вашите навики. На партнерот се повеќе му пречи вашето однесување.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен нервен систем.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Доколку наидете на некој проблем побарајте помош од лицата родени во знакот на Бик или Рак.
ЉУБОВ: Уживајте во љубовта, која ви ја дава партнерот. Тоа ќе ви помогне да ги пребродите тешките моменти.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен стомак.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Доколку сте незадоволни со ситуацијата на работа, креајно време е да покренете сопствен бизнис. Успехот е речиси загарантиран.
ЉУБОВ: Ве очекуваат ситни кавги кои лесно ќе ги надминете, па затоа не се грижете.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со стомакот.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Не се надевајте дека ќе добиете пари преку ноќ. Ќе морате напорно да работите за да остварите се што сте зацртале.
ЉУБОВ: Посветени сте му на партнерот и тој го гледа тоа. Но сепак не сте сигурни дека ви возвраќа со иста мера.
ЗДРАВЈЕ: Нервоза и стрес.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Не се грижете ќе дојдат и вашите пет минути. Поседувате знаење кое им недостасува на другите.
ЉУБОВ: Страшно се плашите од измами. Чувствувате несигурност која може да ја уништи вашата врска.
ЗДРАВЈЕ: Пронајдете начин да го потрошите вишокот енергија.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Не им ја пренесувајте работата која ви е доделена на вас. Не се грижите за финансиите.
ЉУБОВ: Опуштете се при комуникацијата со лицата од спротивниот пол. Делувате премногу стегнато.
ЗДРАВЈЕ: Зголемете го внесот на витамини и минерали.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Голема поврзаност со странство оваа недела, бидте внимателни при финансиските трансакции.
ЉУБОВ: Чувствувате длабоки емоции кон едно лице. Ве очекува интересна понуда од една Шкорпија.
ЗДРАВЈЕ: Проверете го крвниот притисок.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Вие се многу храбра личност, искористете го тоа на деловен план. Ризикот ќе ви се исплати.
ЉУБОВ: Морате да го потиснете вашиот материјализам. Саканото лице страда поради тоа.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Имате потреба секогаш да бидете најдобри. Потребата за докажување ќе ве одведе далеку, но може да ви донесе и непријатели.
ЉУБОВ: Внатрешните стравови полека ја преземаат контролата над вас. Пронајдете начин да се изборите со нив.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Можен е мал пад на концентрацијата. Не дозволувајте некои слабости да ве доведат до погрешни одлуки.
ЉУБОВ: Многу интересен и ведар период полн со љубов и разбирање. Уживајте во заедничките мигови со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можна е поспаност
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Имате прилика да реализирате некои работи кои долго време сте ги планирале, особено доколку се потпрете на некоја соработка со странство.
ЉУБОВ: Вие ќе бидете особено привлечни за некои нови лица во вашата околина, доколку сте во врска избегнувајте го флертот со други лица.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Можете да очекувате дека во оваа фаза ќе бидете окупирани со бројни деловни обврски и дека голем дел од времето ќе го поминете на работа.
ЉУБОВ: Доколку сте во брак или заедница со партнерот очекувајте разговори и планирања на тема семејство, деца. Оние кои се слободни ќе сретнат интересно помладо лице.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со цревата.