70 милиони европејци немаат адекватни вештини за читање и пишување, а уште поголем број имаат слаби вештини во областа на дигиталните технологии и ниска математичка писменост. Тоа ги изложува на ризик од невработеност, сиромаштија и социјално исклучување, соопшти Европската комисија.
Комисијата усвои нова сеопфатна европска програма за вештини. Целта е да се направи така што луѓето да развиваат широк спектар на вештини од рана возраст, што да влијае на пазарот на труд и растот во Европа.
Голем број Европејци, вклучувајќи ги висококвалификувани млади луѓе работат на позиции кои не одговараат на нивните заложби и аспирации. Во исто време 40% од европските работодавци велат дека немаат луѓе со потребните вештини за да се шират претпријатијата и да има иновации.
Паралелно со тоа, премалку луѓе имаат претприемачки начин на размислување и вештини да започнат и да развијат сопствен бизнис.
Затоа Комисијата нуди листа на активности, на пример да биде формирана коалиција за вештини и работни места во областа на дигиталните технологии, иницијатива за претворање на стручното образование во прв избор, следење на сертифицирани дипломци, анализа за решавање на проблемот со одливот на мозоци.