„FIAT“ мудро одлучи новиот спортски кабриолет да го лансира на европскиот пазар во соодветен момент – пред самиот старт на летото, кога возењето со отворен покрив добива вистинска смила.
Иако механички е многу близок со „Mazdа MX-5“, „124 Spider“ визуелно претставува микс на современ дизајн и ретро детали кои водат потекло од истоимениот кабриолет на „FIAT“ од 1966-та година.
Стилските елементи, како што се заоблените фарови, шестаголната маска на ладилникот или „извајаната“ хауба, се посветени на оргиналниот „FIAТ 124 Spider“ кој беше претставен пред точно половина век.
Внатрешноста практично во целост е превземена од моделот на „Mazdа“, со незначителни интервенции како дизајнот на „FIAT“ на воланот, рачката на менувачот и седиштата.
„FIAT“ за погон го одбра 1.4-литарскиот „MultiAir“ турбо бензинец кој, за ралика од „американската“ верзија во која развива 160 ks, во моделот за европскиот пазар произведува 140 ks и 240 Nm. Toа е доволно автомобилот тежок 1.050 kg oд 0 дo 100 km/h да забрза за 7,5 секунди и достигне максимални 215 km/h.
Купувачите ќе можат да изберат еден од двата пакети на опрема – „124 Spider“ и „Lusso“, a во понудата се осум бои на каросерија. Продажбата најпрво ќе започне во Италија, некаде на средината на јуни, по цена од 27.500 eвра.