Стапката на невработенст во еврозоната во текот на март изнесувала 10,2 проценти, што е за 0,2 проценти пониско отколку во февруари, соопштија од агенцијата за статистика на ЕУ, Еуростат.
Тој процент неочекувано е понизок отколку што прогнозираа експертите на компанијата за финансиски услуги Фактсет, кои предвидуваа дека стапката на невработеност во еврозоната во март ќе достигне 0,3 проценти.
Во извештајот на Еуростат се наведува дека тоа е најниска стапка на невработеност во еврозоната од август 2011 година.
Најниска стапка на невработнеост во март меѓу земјите од еврозоната имала Германија (4,2 проценти), додека највисоката е забележана во јануари во Грција (24,4 проценти) и Шпанија (20,4 проценти) додека Франција е на просечното ниво од 10 проценти.
Просечната невработеност во ЕУ во март изнесувала 8,8 проценти и била за 0,1 проценти пониска отколку во февруари, додека во март минатата година достигнала 9,7 проценти.
Според податоците на Еуростат, во март во ЕУ биле невработени 21.419.000 мажи и жени, од кои 16.437.000 во еврозоната. Според извештајот во февруари, бројот на невработени во ЕУ се намалил за 250.000, а во еврозоната за 226.000.