30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕTissot Bella Ora - мода со стил

Tissot Bella Ora – мода со стил

tissot

Во мода

Италијанското име Tissot Bella Ora, што значи убав часовник, е инспириран од Италија каде што името е добиено во овој свет на модата. Овој часовник се вклопи во тој свет толку природно, исто како што со рацете ракуваме и ја придвиживаме стрелката на часовникот. Овој часовник е совршен додаток за дополнување на било кој аутфит, дотерани од горе надолу или обратно. Има природна елеганција благодарение на едноставноста на ракување. Вториот паметен бројчаник се наоѓа кај 6 часот обележан со римски бројки додавајки ја својата софистицираност. Бразлетната е делот кој додава доза на самоувереност и го покажува твојот стил.

Одлучи се

Како и секогаш, дамите ќе бидат привилегирани за избор. Часовникот доаѓа во различни модели, од кои едни се разбира носат “Tissot Milanese” бразлетна, која се чини дека соодвествува со Tissot Bella Ora и другите кои имаат кожни бразлетни кое се чуствуваат како свила на рачниот зглоб и даваат дополнителен сјај. Сега од Вас зависи каков избор ќе направите.

tiss

Технички карактеристики

-Швајцарско производство

-Квартцна механика со “end of life”(EOL) батерија

-316L нерѓосувачко челично куќиште

-Сафирно стакло отпорно од греботини

-316L цвтста бразлетна од нерѓосувачки челик со украсен затворач или кожно ремче со стандардна тока

-Целосно од розово злато –PVD спој

-Димензии 31.4мм-28мм

tis

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП