Спортско купе со хибриден мотор најави јапонската марка „Lexus“. Моделот го носи името „LC 500h“ и ќе дебитира пред публиката за време на саемот во Женева кој ќе стартува следниот месец.
На почетокот на оваа година „Lexus“ го претстави својот нов спортски предводник „LC 500“, кој се потпираат на „V8“ мотор со 467 КС. Прикажаниот „LC 500h“ е практично истата машина, но опремена со хибриден погон
Агрегатот на „LC 500h“ е првиот од новата генерација хибридни погонски системи на „Lexus“, кои го имаат називот „Lexus Multi Stage Hybrid System“.
„Новата технологија има за цел да обезбеди уште поголемо задоволство при возењето, повисоки перформанси и поголема ефикасност“, се вели во информацијата.
Во моментов нема детали за моторот на „LC 500h“. Изданието „Motoring“, тврди дека новиот хибриден систем се комбинира од 3.5-литарски бензински „V6“ мотор, електромотор и сет батерии. Се очекува вкупната моќност на овој систем да биде околу 470 КС.
Истиот хибриден мотор ќе се појави и кај следната генерација на луксузниот седан „LS“ кој го очекуваме на почетокот на следната година.
Што се однесува до „LC 500h“, тој ќе има премиера во почетокот на месец март. Продажбата најверојатно ќе стартува веднаш потоа.